Прв официјален фан клуб на Милан во Македонија!

По ремито без голови во рамките на италијанската Сериа А, Милан повторно му беше домаќин на Наполи во рамките на Купот на Италија. Момците на Рино Гатузо, благодарение на експлозијата на новото засилување, Кшиштоф Пјонтек, успеаа да забележат победа од 2-0 и втор пат по ред да се пласираат во полуфиналето на Купот на Италија. По натпреварот, тренерот Рино Гатузо говореше пред новинарите, а ние во продолжение ви пренесуваме дел од неговата изјава.

 

Честитките не се за мене, туку за момците. Сите тие прикажаа добра игра, вклучувајќи ги и тие со помала минутажа оваа сезона. Одлуката да ги смениме бековите и крилните играчи се исплати на крај, потребно беше да внесеме свежина во тимот за да можеме да се спротиставиме на ваков Наполи. Вечерва ќе уживаме, а од утре ќе се фокусираме на лигата. 

Рино Гатузо на натпреварот Милан-Наполи, 29.01.2018

 

Кога играчи како Пјонтек и Пакета играат и кога ти е дозволено да здивнеш пред да напаѓаш, тогаш се менува изданието на тимот на теренот. Кога се забавуваш на теренот и успеваш при тоа да го повредиш својот противник, тогаш имаш зголемена желба и елан за работа дури и кога темпото е навистина силно.

Кшиштоф Пјонтек во прослава по постигнувањето на својот гол првенец во црвено-црниот дрес на натпреварот Милан-Наполи, 29.01.2019

 

Пјонтек? Настрана неговите два гола, кои тој буквално ги измисли од ништо, навистина е неверојатно да се гледа играч кој доаѓа лице в лице и се бори онака како што се бореше против Кулибали вечерва. Не беше воопшто лесно, па затоа би сакал да му честитам за фантастичната игра.

Лукас Пакета на натпреварот Милан-Наполи, 29.01.2019

 

Неодамна, Лаксалт не играше на она ниво на кое тој може да игра. Диего имаше потешкотии оваа сезона, ние очекуваме повеќе и тој го знае тоа. Вечерва тој забележа асистенција при првиот гол на Пјонтек, а јас сум среќен поради тоа. Многу често се случува после одлично издание на терен да се промени однесувањето: јас сакам професионализам и континуитет од Бакајоко. Тој мора да биде скромен и да не прави грешки. Како што расте на теренот, тој треба да остане силен надвор од него.

Играчите на Милан во прослава по голот на Кшиштоф Пјонтек на натпреварот Милан-Наполи, 29.01.2019