Фасоне: Милан заслужи спогодба со УЕФА, одлуката му штети на имиџот на клубот!

by admin

Марко Фасоне реагираше на вестите кои се лиферуваат изминатите денови за тоа дека УЕФА наводно кажала „не” на понудата на Милан за спогодбен договор, велејќи дека ова е изненадување за целиот менаџмент. УЕФА во вторникот потврди дека Милан ги прекршил правилата за финансискиот фер плеј и дека не постои основ за спогодбениот договор, објаснувајќи дека нивната одлука е донесена поради неизвесноста со рефинансирањето на заемот што треба да се случи во октомври. Ова е сериозен удар за Милан и новиот менаџмент, бидејќи тие би можеле да се соочат со сериозни казни: од големи парични казни и рестрикции за пријавување на играчи, забрана за трансфери, па дури и исклучување од Лига Европа. По излегувањето на овие вести, извршниот директор на Милан, Марко Фасоне, разговараше со медиумите, изразувајќи го своето разочарување.

“Многу е важно Милан да има јасна позиција откако УЕФА ќе ја соопшти одлуката. Како што можете да замислите, тоа беше изненадување за сите нас и ни предизвика многу горчина. Јас навистина очекував УЕФА да ги прифати аргументите за спогодбениот договор.”

“Откако финансискиот фер плеј е на сила, УЕФА секогаш нудеше такво решение за сите клубови кои биле во ситуација слична на онаа во која е Милан денес. Единствено, имаше случај со руски тим, кој не е ни во најдобрите тимови од Русија, а чиј случај беше испратен пред Советот на УЕФА, без да овозможи прилика за спогодбен договор.”

“Се сретнавме со УЕФА во многу рана фаза, уште во првите 15 дена од преземањето на клубот и ги презентиравме нашите планови. Се сретнавме повторно во ноември минатата година за да разговараме за доброволниот договор на кој имавме право, бидејќи сопственоста беше сменета во текот на 2017 година, но за жал, нашето барање беше одбиено. Комисијата сметаше дека е неопходно да им се прикаже банкарска гаранција од 165 милиони евра, издадена од сопствениците на клубот.”

“Сега не ни е одобрен спогодбенот договор, бидејќи холдингот (сопственикот на клубот), а не самиот клубот, се уште не го рефинансираше долгот. И тоа според УЕФА фрла сомнежи за можната иднина на клубот после октомври. Тоа е една, би ја нарекол, повеќе од претпазлива хипотеза, која покренува сомневање за тоа што би можело да биде со клубот. За ситуацијата да биде поапсурдна, воопшто не се зема предвид фактот дека во неколку наврати сме предложиле да разговараме и со актуелниот финансиер на холдингот, односно фондот Елиот, кој исто така гарантираше континуитет на клубот дури и во најлошото сценарио. Уште повеќе, со оглед на тоа што се случуваше годинава, а тоа е континуираното исполнување од на сопствениците на Милан на сите барања поставени од бордот на директори, континуираното вбризгување на капитал во клубот, и тоа што никогаш во текот на сезоната не се создаде чувство дека клубот би бил несолвентен или неликвиден.”

“Јас сум разочаран како извршен директор на Милан, бидејќи знам дека направивме се што можевме. Поднесовме многу детални планови и документи, но УЕФА се уште има некакви сомневања кои се однесуваат на други аспекти од функционирањето на клубот. Од утре наутро нашите адвокати ќе почнат да ја анализираат одлуката, бидејќи без сомнеж, самото префрлување на случајот до Советот на УЕФА, ќе направи голема штета, барем на имиџот на клубот. Ние сме уверени во избалансираната проценка на Советот и ние ќе направиме се за да ги обезбедиме сите потребни податоци за одлуката, и тоа со најголема можна транспарентност, како што впрочем и секогаш сме правеле.”

“Уште еднаш би сакал да потсетам дека денешниот Милан плаќа за прекршоците што се случиле во тригодишниот период од 2014 до 2017 година, кога клубот имаше други сопственици и друг менаџмент.”

Сега останува да се види што ќе се случи со одлуката на УЕФА, но очигледно е дека подготовките на Росонерите за следната сезона ќе бидат ставени на чекање, додека ситуацијата не стане појасна од сите аспекти.

 

You may also like

Leave a Comment