Прв официјален фан клуб на Милан во Македонија!

Фабио Борини беше еден од 11-ката кои пристигнаа во Милан минатото лето. Од одбрана, до напад, тој ги покриваше сите позиции на кои беше потребен. Од него не се очекуваше премногу на самиот старт, но се докажа дека е играч кој во клучни моменти може да биде и те како корисен за тимот.

Со новинарите на Газета дело Спорт, тој зборуваше за тоа како помина неговата прва сезона кај црвено-црните, дека би сакал да има поголема минутажа во следната и дека, секако, ја чека одмаздата против Јувентус во Суперкупот во август.

Ми се допаѓа американскиот фудбал, бидејќи сум инспириран од филозофијата на посветеност и напорна работа. Јас сум еден од оние што трчаат додека ме држат нозете. Да речеме дека тоа е една од карактеристиките што ме прави да изгледма како Гатусо. Го носам во себе тој багаж.

Јас, исто како Гатузо, ги завршувам натпреварите исцрпен. Од друга страна, мајка ми сѐ уште трча на долги патеки, татко ми исто така беше тркач, а сестра ми пак се натпреваруваше во скок водалечина, па затоа и не етака чудно. Ако е точно дека со Монтела работевме многу помалку отколку со Гатусо,  едноставно велам: ако некој сака да тренира напорно и добро, тој тоа го прави со секого.

На сезоната имав? Имам само позитивни коментари. Очекувањата за мене не беа многу високи и мислам дека докажав дека сум достоен за да го носам дресот на Милан. Мислам дека играв добро, иако во најголем дел,  не играв на мојата природна позиција. Мислам дека беше неверојатна година и исто така тоа што долги години поминав во странство, се одрази на мојата игра. Луѓето заборавија малку на мене.

Што треба да се случи следната сезона за да ја задржат насмевката? Повеќе гола, а пред се – повеќе минути, се разбира. Постигнувањето голови и останување на клупата е малку фрустрирачки. Би сакал да играм, а не само да бидам пиун. Имам намера да ја изградам својата улога како главен лик!

Напаѓач или бек? По третпат Гатузо ме стави да играм позади, отидов кај него и му кажав дека ако е потребно да ја имам таа улога, би сакал да ја научам правилно. Ова се движења кои во мојата кариера секогаш се обидував да ги неутрализирам, и сега ќе морам јас да ги изљведувам.

Не знам која ќе ми биде  улогата следната година, но во основа сум напаѓач. Каде би играл ако би можел? Втор напаѓач во 4-4-2. Јас сум оној кој многу работи и мислам дека добро се снаоѓам. Дарежлив сум по природа, исто така и во соблекувалната: поради моите искуства во странство, им помогнав на другите нови играчи со јазикот, ги вклучив во адаптација и јас тоа ми претставува  задоволство, бидејќи знам дека му помогнав на тимот така.

Што значи Милан за мене? Историја и семејство. Минато на огромена историја и персонал кој се грижат за играчите. Тие премногу значат. Тоа се случи само тука и во Ливерпул. Дали постои ризик да си одам од Милан ако одлуката на УЕФА е негативна? Што се однесува до мене, нема шанси. Во принцип, јас не мислам така. Тоа може да биде ситуација што ќе не поврзе уште повеќе.

И тогаш, извинете, каде да одиме? Тука сме во Милан! Сусо може да замине поради неговата клаузула? Го видов како расте во Ливерпул и сега е многу повеќе свесен играч. Ако тој замине, тоа ќе создаде голема празнина. Чалханоглу конечно проработе? Му помогнав малку, совет на теренот, но пред сè надвор.

Да се опишувам  себе во три збора? Амбициозен, храбар и решителен. Јас веќе работев со Мирабели во Сандерленд? Тој работи многу добро бидејќи знае многу играчи не само од техничка гледна точка, туку и од нивната личност. И ова е одлична помош за создавање на победничка тим.

Кога ќе ја освојам првата титула со Милан? Чекам одмазда против Јувентус во Суперкупот на Италија. Играњето во првата половина од август може да ни корист ако тренерот не нè убие во предсезоната. Мојот сон е да освојам титула со овој дрес.

Суперкупот ќе биде одличен вовед во она што ќе следи!