Милан во Ноември го отпушти Винченцо Монтела, а на негово место, на огромно изненадување, го донесе тогашниот тренер на Примавера тимот и легенда на клубот, Џенаро Гатузо. Извршниот директор на Милан, Марко Фасоне, на интервју за италијанската Скај, говореше за моменталната состојба на тимот и за Џенаро Гатузо, за кого имаше многу пофални зборови.
Кога ќе се потсетам на целата ситуација околу Божиќ, сфаќам колку беше тешко. Порази од Аталанта и Верона, каде не прикажавме убава игра. Морам да признаам, тогаш бевме под голем притисок.
Фактот дека можеме да гледаме кон иднината со оптимизам се должи на Џенаро Гатузо и Масимилијано Мирабели, кој ме охрабруваше да го направиме овој потег (назначувањето на Гатузо) во тој момент.
Резултатите се изненадувачки, а климата во тимот е комплетно променета. Ние сме оптимисти и ние веруваме, па така, навистина е добро во ваква состојба да влезеш во така важен натпревар како оној против Јувентус во сабота.