Прв официјален фан клуб на Милан во Македонија!

По репрезентативната пауза, клубскиот фудбал се враќа во Италија, каде ова коло ќе се одигра големото италијанско дерби помеѓу Јувентус и Милан. Во пресрет на овој натпревар, Хакан Чалханоглу беше интервјуиран од страна на Corriere della Sera, каде проговори за самиот натпревар, како и за атмосферата во тимот, а ние во продолжение ќе ви пренесеме дел од тоа интервју.

 

По мојот гол против Киево јас го бакнав дресот и од сега па натаму, по секој постигнат гол ќе се радувам на тој начин. Тоа го немав направено никогаш до сега во Германија, ниту со Леверкузен ниту со Хамбург. Дали сум подготвен да го направам истото во сабота против Јуве? Се надевам, мојата самодоверба расте. Се чувствувам добро, на теренот и надвор од него. Во изминативе месеци имавме добри натпревари, но битните натпревари доаѓаат сега, прво Јуве па веднаш по тоа, Интер. Ние мора да победиме.

Воопшто не е битно дали јас ќе постигнам гол или не. Зошто до сега се уште не сум постигнал гол од слободен удар? Покрај другото, станува збор и за притисок. Punizione (слободен удар на италијански) е можеби првиот италијански збор кој го научив. Сите ми велат, „Хакан ајде, Хакан постигни гол“. Ја знам мојата статистика, во Германија постигнав 15 голови од слободен удар. Дали стадионот на Јуве ме плаши? Јас веќе имам играно на Камп Ноу и сметам дека Сан Сиро е горе-доле ист стадион. Во секој случај, ние мора да играме како тим, ако играме така можеме да ги победиме. Јувентус е навистина голем противник со силни напаѓачи. Треба да внимаваме на Игуаин, Пјаниќ и Дибала.

Милан е подобар без Монтела и обратно? Ова е фудбал, тренерите доаѓаат и си одат, секој има свои методи, своја филозофија, свој систем на игра. Можеби малите работи менуваат многу, па еден играч станува подобар или полош. Дали ја пронајдов својата позиција на теренот? Јас веќе имам играно по левата страна во Леверкузен и се чувствував добро таму. На теренот добро комуницирам со Родригез и Бонавентура. Гатузо? Тој не тера да даваме максимум на тренинг и тоа ми се допаѓа. Тимот почна да игра добар фудбал. За мене лично, тој (Гатузо) ми помогна многу. Тој постојано разговара со мене и ми направи да ја почувствувам неговата доверба.

Моите најголеми проблеми?  Јас до сега никогаш немав играно надвор од Германија. На почеток, не го разбирав јазикот и беше навистина тешко да се комуницира. Мојот прв месец тука беше навистина тежок, живеев во хотел и немав свој дом. Сега се е многу подобро, живеам близу Casa Milan, па ако има некаков проблем, за неколку минути можам да бидам во канцелариите. (се смее)

Што правам во слободно време? Сакам кога сум дома, мојата жена готви добро. Исто така, поминувам време со моето куче Думан, кое има способност да го промени моето расположение. Го сакам Милано, го посетивме Дуомо, кое е навистина едно прекрасно здание. Наоколу има многу продавници, па жена ми има навистина голем избор за шопинг. Италијанците се многу слични со турците, топол и пријателски народ.

Со кој соиграч сум најблизок? Со Родригез, кој зборува германски. Борини ми помогна многу со италијанскиот јазик и поминав голем дел од времето во хотел со Конти и ја користам приликава да го поздравам и да му посакам побрзо закрепнување.  Благодарен сум на Германија бидејќи таму сум роден и таму научив да играм фудбал. Но Турција е мојот дом и мојата фамилија а играњето за својата земја е различно. Што ми кажа Савичевиќ, кога се сретнавме? Тој ми рече „шутирај, шутирај“. Неговата игра беше неверојатна, тој беше фудбалски феномен!