Прв официјален фан клуб на Милан во Македонија!

Дојде како големо засилување од големиот ривал Јувентус, но немаше среќа на почетокот од неговата кариера во црвено-црниот дрес. Матиа Калдара многу брзо по неговиот трансфер во Милан заработи незгодна повреда која го оддалечи од терените веќе подолго време. Сепак, тешките времиња заминуваат, а Калдара полека но сигурно се враќа во првиот тим. Тој беше интервјуиран од страна на MilanTV, каде меѓу другото говореше и за повредата, тренерот Рино како и за новиот напаѓач на Милан, Кшиштоф Пјонтек.

 

ПОВРЕДАТА

Тоа беше навистина тежок период, можеби најтежок период во мојата кариера. Никогаш до сега не се случило да бидам толку долго време оддалечен од терените. Пред се, ми недостигаше тимот, бидејќи таму има навистина убава атмосфера. Овој лош период конечно завршува и едвај чекам да бидам на располагање на тренерот и да му помогнам на овој тим и да ја делам радоста со нив на теренот, како онаа во саботата против Аталанта.

 

ТРЕНЕРОТ

За сега, се оди според планираното. Последниов месец за мене е еден вид последна подготовка, каде имав навистина напорни тренинзи и сум среќен што моето тело реагира добро на сето тоа. Единствено што недостасува е чувството со топката и ќе биде се комплетно. Тренерот секогаш е тука со нас за време на тренинзите, се шегува и успева да ја обедини целата група. Тоа е неговата специјалност.  Заработив неколку ‘шлаканици‘ од него (се смее), но секогаш прашува како сум, секогаш е тука за тебе и јас едвај чекам да им се приклучам на моите соиграчи.

 

ОДБРАНАТА

На почетокот на сезоната многу често примавме голови поради тоа што немавме среќа. Го велам ова бидејќи напорно работевме на одбраната и знаев дека порано или подоцна, таа работа ќе се исплати. Затоа сум среќен што во изминативе неколку натпревари покажуваме цврстина и обединетост, не само одбраната, туку и средината и нападот значително помагаат, па затоа треба да продолжиме со ова темпо.

 

ПЈОНТЕК

Пјонтек? Уште по првата средба сфатив дека тој е напаѓач кој живее за да постигнува голови. Освен тоа, тој добро знае да ги разигра своите соиграчи и да асистира. Тој е гладен на теренот, има огромна желба да постигне гол и живее за тоа. Дури и на тренинг, тој се однесува како да е натпревар, што е добро за сите нас, бидејќи си фокусиран максимално. Во моментов сме смирени, покажавме дека заслужуваме да бидеме на таа позиција. Треба да се спремаме натпревар за натпревар, да одиме на победа на секој натпревар и да ја оствариме нашата цел.