Милан успеа да ја продолжи позитивната серија, бележејќи ја 4та победа во низа, победувајќи го тимот на Сасуоло со резултат 1-0. По натпреварот, Давиде Калабрија говореше пред камерата на MilanTV, а во продлжение ќе ви пренесеме дел од неговото интервју.
Важни три поени вечерва, ова беше тип на натпревар кој порано не успевавме да го добиеме, па така можам да кажам дека има напредок. Успеавме да притиснеме и да ги освоиме трите бода, иако тимот не прикажа добра игра. Ќе биде тешко да се задржи 3то место, затоа треба веднаш да се фокусираме на натпреварот со Киево.

Давиде Калабрија на натпреварот Милан – Сасуоло, 02.03.2019
50 натпревари за Гатузо? Среќни сме, имаме добри резултати благодарение на него. Треба да продолжиме вака. Одбраната? Работевме напорно изминатиов период, примаме многу малце голови, а квалитетот во нападот ни овозможува секогаш да наоѓаме начин за постигнување гол. Концентрацијата е најважната работа.

Давиде Калабрија, Рикардо Родригез, Џиџо Донарума и Матео Муаскуо по завршување на натпреварот Милан – Сасуоло, 02.03.2019