Во саботата во Бергамо, Росонерите обезбедија значајна победа во битката за пласман во Лигата на Шампионите, победувајќи го домаќинот Аталанта со резултат 1-3, благодарение на головите на Пјонтек и голот на Чалханоглу. Легендата на Милан и долгогодишен капитен, Паоло Малдини, беше интервјуиран од страна на Скај Спорт Италија, каде проговори за новото засилување Пјонтек, како и за состојбата во клубот.
Многу луѓе го споредуваат Пјонтек со Шевченко, но да бидеме јасни, постои само еден Шева. Покрај тоа, Шева дојде во веќе силен тим и беше еден класа играч плус кој ни овозможи да ги оствариме нашите цели. Пјонтек прави фантастични работи и дојде во тешки моменти во клубот. Ако продолжи со ова темпо, сите ние ќе бидеме среќни.

Кшиштоф Пјонтек во прослава по постигнувањето на својот гол првенец во црвено-црниот дрес на натпреварот Милан-Наполи, 29.01.2018
Нашата цел е да креираме основа на овој тим, со силни и млади играчи. Станува збор за долг процес, но овој тим го слуша тренерот и учи од своите грешки. Овие играчи се потценија самите себеси на старт на сезоната, но победи како оваа ќе помогнат да се врати самодовербата.

Паоло Малдини и Леонардо за време на натпреварот помеѓу Милан и Јувентус во рамките на женската италијанска Сериа А, 17.02.2019
Во изминативе три години, овој тим има видено секакви работи. Клубот во сопственост на Силвио Берлускони премина во сопственост на нов претседател (Јонгхонг Ли), а потоа повторно го промени сопственикот, на средина на летниот преоден рок.

Гонзало Игуаин по последниот свиреж на судијата на натпреварот Милан-Бетис, 25 октомври 2018
Игуаин? Ние го потпишавме во тој момент, базирано на статистиката, најдобриот слободен напаѓач на пазарот. ‘Бракот‘ со Гонзало Игуаин не успеа, но вакви работи се нормални во светот на фудбалот. Милан претставува одлична средина за работа и не гледам како некој играч не би растел овде.

Рино Гатузо за време на натпреварот Милан-Џенова, 31 октомври 2018
Овде, во оваа средина, сите ние еволуираме. Рино е тренер кој ги слуша нашите мислења и предлози. Понекогаш не му се допаѓаат, но тој не сослушува. Сите ние имаме иста цел, да го вратиме Милан онаму каде што припаѓа.