И покрај заканата од можни сакнции од УЕФА, кои би можеле да вклучат и забрана за трансфери, Милан направи одлична зделка со ангажманот на досегашниот голман на Наполи, Пепе Реина. Шпанецот несомнено ќе донесе првотимско искуство во Милан, ќе биде повеќе од одлична резерва за младиот Донарума, но и менторство од вистински шампион. Трансферот не вклучува отштета за наполетанците, со оглед на тоа што тригодишниот договор на Реина истекува овој јуни. Иако преминот беше најавен пред повеќе од еден месец, Реина џентлменски остави да завршат неговите професионални ангажмани со Наполи, за дури деновиве да го даде своето прво интервју во кое зборува за новиот предизвик во Милан.
Милан за крај на кариерата?
“Чувствувам почит кон Милан и самата помисла за припрема за крајот на кариерата во еден од најтрофејните тимови во светот е апсолутно исполнување за мене. Минатото на Милан доволно зборува само засебе, а јас само можам да помогнам клубот да ги врати европските натпревари на Сан Сиро.”
Опасноста од одлуката на УЕФА?
“Тоа не ме загружува воопшто, многу сум смирен на таа тема. Сигурен сум дека менаџментот ќе знае како да се погрижи за ситуацијата и одлуката, каква и да е.”
Односот со Донарума?
Дали ќе бидам како негов татко во клубот или ќе го натерам да ме гледа од клупата… тоа не може да каже. Зборуваме за првиот голман на италијанската репрезентација во наредните 15-тина години. Извонредна кариера се очекува од него. Џиџо е сериозен и момче за пример, а јас со него ќе воспоставам специјален однос. Го почитувам и ако ништо друго, ќе украдам нешто од него – ќе ме подмлади! Малку ли е тоа?
