Додека играчите на Милан и тренерот Гатузо се подготвуваат за дербито против Јувентус, директорите на Милан, Марко Фасоне и Масимилиано Мирабели говореа пред новинарите на Скај.
Спортскиот директор, Мирабели беше запрашан за некои од играчите на Милан, за обнововуњато на договорот на Алесио Ромањоли и желбата на клубот да го задржи Сусо. Новинарите не пропуштија да побараат од Мирабели да ја објасни и ситуацијата со Никола Калиниќ, за кого се појавија повеќе информации во јавноста во изминатиот период, дека поради слабата форма и неможноста да се снајде во новата средина, може да биде првиот играч кој ќе го напушти Милан, по само една година носејќи го црвено-црниот дрес.
Ние сакаме Ромањоли да остане уште долго време со нас и веќе преговараме со неговиот агент. Ова е нешто што ќе се случи за брзо време без некакви поголеми проблеми. Како што кажавме во повеќе наврати, веруваме во играчите кои ги имаме и имаме за цел тие да бидат дел од Милан во иднина. Истото ова важи и за Сусо. Да не заборавиме, сепак станува збор за Милан! Сите играчи во светот би сакале да го носат овој дрес!
Сакаме да го задржиме Сусо, но мора и тој да ја има истата желба. Само во случај да било Сусо, или некој друг изрази желба дека не сака повеќе да биде дел од овој тим, тогаш можеме да зборуваме за евентуално разгледување на некоја понуда од друг тим. Тековниот договор на Сусо вклучува откупна клаузула од околу 40 милиони евра. Откупните клаузули не зависат од нас. Јас сум генерално против тоа, но неговиот агент инсистираше да биде вклучена во неговиот договот и затоа сега постои. Доколку некој сака да ја активира откупната клаузула, тоа значи дека не сака да биде дел од нас, па така и ние не ги сакаме оние кои не веруваат во нашиот проект.
Никола е инзвонредно момче и доста квалитетен напаѓач. Вистина е дека имаше потешкотии до сега, но Гатузо е негов голем обожавател. Ништо се нема случено, а Гатузо само сака сите максимално да се заложуваат на тренинзите, во спротивно нема да бидат повикани. Можам да ви гарантирам дека Калиниќ е еден од играчите на кои Гатузо најмногу му се восхитува.
Мирабели ни овојпат не го заборави својот стар „пријател“ Мино Раиола, одговарајќи му на коментарите околу неговиот клиент Донарума:
Како што имам кажано многу пати, Донарума нема да биде продаден освен ако самиот тој или Милан не кажат така.

Клубскиот директор, Фасоне зборуваше за иднината на Милан и за преостанатите мечеви од оваа сезона:
Во моментов знаеме дека во секој преостанат натпревар мораме да дадеме се’ од себе за да донесеме 3 бода дома. Ова враќање изгледаше невозможно, но денес е реалност и мораме да го дадеме нашиот максимум за да ја оствариме нашата цел.
Милан има сопствен проект план за раст. Очигледно е дека околу нас се крева голема врева и има такви, и во Италија и на интернационално ниво, кои сакаат однапред да ја утврдат нашата иднина. Она што можам да им го кажам на нашите навивачи е дека проектот започнат во април 2017 година се одвива во идеален правец, на спортско и на секакво останато ниво. Клубот работи одлично, дури подобро во споредба од она што беше предвидено во буџетите, во секој поглед.
Иднината според мое мислење е розева. Сметам дека добро управуваме со клубот, потребно е време и стрпливост. Кога правите револуција, резултатите никогаш не пристигнуваат во првата година. Според мене, ние сме на добар пат, а фановите можат да бидат сигурни околу иднината на Милан.
