Гатузо: Навистина важен натпревар

by admin

По одложеното Дерби поради смртта на Давиде Астори, Милан повторно им се враќа на мечевите во Сериа А. Момците на Гатузо се среќаваат со Џенова на секогаш незгодниот Мараси, откако претрпеа незгоден пораз од Арсенал во рамките на Лига Европа. Рино Гатузо на стандардната прес-конференција пред натпреварот даде свое видување на изминатите настани, како и на нашиот следен противник.

Не беше прашање на искуство. Во првото полувреме, ние не игравме онака како што сме навикнати да играме во изминативе три месеци. Имаше премногу простор помеѓу линиите и ние се мачевме кога противникот напаѓаше. Во второто полувреме, игравме подобро најмногу поради тоа што Арсенал го намали своето темпо. Јас сум првиот кој треба да биде обвинет за лошото прво полувреме. Наредниот ден, забележав дека момците се бесни и разочарани. Тие тренираа со многу желба и храброст. Ние мора да сме бесни после пораз.

Имаше многу ентузијазам, ние сакавме да постигнеме гол по секоја цена. 73,000 фанови не притискаа, медиумите не фаворизираа нас за победа.. а ние ја плативме цената поради сето тоа. Но, јас мислам дека овој тежок пораз ќе ни помогне да растеме. Пораз против Арсенал може да се случи, ние можевме многу подобро, но најважно од се е да се заборави овој пораз и да продолжиме со истиот ентузијазам во иднина.

Џенова игра добро со Балардини. Натпреварот нема да е нималку лесен ниту пак некогаш бил. Ние треба да се фокусираме на самите себе и почнеме да играме како што игравме до сега. Ќе биде тежок натпревар утре. Тие не креираат многу, но се навистина агресивни и спремни да ја освојат секоја топка и да лансираат опасен контра напад. Треба да внимаваме на топките од втор план. За нас ова е навистина важен натпревар.

Ја следиме состојбата на играчите со сите инструменти на Milan Lab. Нема да откријам кој ќе игра утре, затоа ќе мора да го почекате утрешниот натпревар. Ние сме многу среќни со Давиде (Калабрија). Беше навистина напорен натпревар за него и ќе видиме дали настапи на утрешниот натпревар. Она што јас можам да го кажам е дека тој навистина напредува на физички и психички план. 

Реванш мечот во Лондон? Да одиме со ред. Ќе се фокусираме на тој натпревар по мечот во Џенова. Ние сме Милан и нема да одиме во Лондон како туристи. Јас не сакам да губам. Ќе биде тешко, но во фудбалот, никогаш не вели никогаш.

You may also like

Leave a Comment