Донарума: Го заслуживме ова финале!

by admin

Милан е во финале! Благодарение на смиреноста и стабилноста на Ромањоли, момците на Рино успеаа да го совладаат тимот на Лацио во супер драматнична пенал завршница. По натпреварот, тренерот Гатузо, како и Џанлуиџи Донарума, дадоа свое видување за настаните.

 

ЏЕНАРО ГАТУЗО

На домашен терен Лацио има навика да постигнува и по 4-5 гола против секој тим. Тоа е една од најефикасните екипи во Европа, навистина силни, како технички, така и физички. Ние одигравме добро како тим и го следевме зацртаниот план. Знаевме дека ќе има тешки периоди, но и покрај тоа успеавме да останеме смирени. Сите пофалби одат на адреса на играчите, кои веруваа во самите себе. Сега е потребно да ги наполниме батериите. Момците мора да си ја вратат својата физичка и ментална силина. Во дербито мора да играме со истиот пристап.

 

ЏИЏО ДОНАРУМА

Целиот тим заслужува честитки за оваа победа бидејќи ние одигравме навистина одличен натпревар. Работевме многу напорно за ова финале и го заслуживме. Ова е фантастична група. Сега сме посплотени, затоа е потешко да не победи било кој. Тренерот не трансформираше во силна екипа, ние сме секогаш заедно и работиме напорно. Сево ова е благодарение на изданијата на тимот и тренерот, кој постојано ни вели дека уморот не постои!

 

You may also like

Leave a Comment