Новото име во редовите на Милан, полскиот интернационалец Кшиштоф Пјонтек кој дојде од редовите на Џенова, беше херојот на натпреварот во рамките на Купот на Италија против екипата на Наполи. Полскиот бомбардер со своите два гола успеа да му донесе победа на својот нов клуб Милан и да го однесе во полуфиналето од Купот на Италија. По натпреварот, херојот на Милан говореше пред медиумите, каде го пренесе своето видување за настаните на теренот.
Очекував ваква вечер. Како што изјавив претходно, јас сум спремен и успеав да постигнам два гола. Се чувствувам одлично, ова е фантастична вечер. Но сепак, ова е само почеток. Двата гола беа прекрасни, иако се различни.

Кшиштоф Пјонтек во прослава по постигнувањето на својот гол првенец во црвено-црниот дрес на натпреварот Милан-Наполи, 29.01.2018
Зборував со Диего Лаксалт и ФабиоБорини пред натпреварот, им побарав да нафрлуваат високи и долги топки какви што преферирам. За вториот гол, требаше да го надмудрам Кулибали и за среќа, одлично се заврши.

Кшиштоф Пјонтек во прослава по постигнување на вториот гол во црвено-црниот дрес на натпреварот Милан-Наполи, 29.01.2019
Со мислите веќе сум на следниот натпревар против Рома. Се надевам дека ќе бидам уште подобар во Рим и се надевам дека тимот ќе забележи нова победа. Јас само сакам да постигнувам голови, се чувствувам добро и сум секогаш спремен.