Пиштолџијата не престанува да пука! Новото засилување на Милан во зимскиот преоден рок, полскиот интернационалец Кшиштоф Пјонтек, уште еднаш беше клучен за победа на Милан, овој пат во директен дуел за 4 место против екипата на Аталанта, со резултат 1-3. Пјонтек постигна два гола и донесе важни три бода во битката за пласман во Лигата на Шампионите. По натпреварот, полскиот интернационалец говореше пред медиумите, а во продолжение ќе ви пренесеме дел од неговата изјава.
Јас сум многу среќен. Јас сум напаѓач, сакам да постигнувам голови. Во моментов, имам постигнато 6 голови во 5 натпревари, потребно е да продолжам вака и да му помогнам на тимот. Се чувствувам како да сум во една фамилија тука, се чувствувам добро и сум среќен.

Кшиштоф Пјонтек во прослава по постигнување на гол на натпреварот Аталанта-Милан, 16.02.2019
Работевме напорно во текот на неделата, почнуваме да се запознаваме подобро еден со друг и како да функционираме подобро на терент. Гатузо? Тој ми внесува голема самодоверба, Рино е одличен тренер и е легенда на овој клуб.

Џанлуиџи Донарума и Кшиштоф Пјонтек по завршување на натпреварот Аталанта-Милан, 16.02.2019