Монтела: Очекувам интензивна борба!

by admin

Тимот периодов игра во пеколно темпо од два натпревари неделно и момците на Монтела немаа вистинска шанса за пауза и одмор. Веднаш после неуспешната мисија во неделата и ремито против Џенова, следува меѓуколо и натпревар на гости со Киево во Верона. Во пресрет на гостувањето, Монтела со пресконференција и негово видување на неколку теми:

ЗА ТИМОТ

Кохезијата во тимот е добра. Последните три резултати беа негативни, но екипата одигра добро. И покрај резултатите, препознавам одличен тимски дух помеѓу момците. Мора да се подобриме и мора да бидеме попрецизни. Сепак, успеавме да го најдеме правиот баланс во последните неколку натпревари. Против Џенова одигравме смело и со желба. Се надевам дека ќе ја задржиме храброста и интензитетот и на утрешниот натпревар.

ЗА КИЕВО

Тоа е компактна екипа, многу искусна и тешко е да се игра против нив. Неслучајно немаат пораз уште од 9ти Септември. Очекувам интензивна борба од двете екипи, така што мора да одиграме паметно за да се справиме со Киево. За формацијата утре? Сакам да ги менувам системите на игра, но сепак, за натпреварот утре можам да потврдам дека изборот ќе падне помеѓу 3-4-2-1 и 3-4-1-2.

ЗА МОМЕНТАЛНИОТ ПЛАСМАН

Генерално, тимовите кои играат квалификации за Европските купови имаат повеќе проблеми во текот на сезоната. Не сум загрижен за моменталниот пласман во првенството во моментов. Единствено сум фокусиран на напредокот на тимот и на подобрувањето на играта. Резултатите и пласманот во Серие А се лоши, но не препознавам многу тимови во првенството кои играат значително подобар фудбал од Милан.

ИНДИВИДУАЛНО, ЗА НЕКОИ ОД ОГРАЧИТЕ

Андре Силва има одличен старт на сезоната, но мора да имаме на ум дека има само 21 година и дека доаѓа од друго првенство, многу поразлично од Калчото од тактички аспект. Него му треба време и мора да му дадеме доволно простор. Калиниќ од друга страна, не пристигна во добра кондиција, па и заработи повреда веднаш после одличниот натпревар и двата гола против Удинезе. Конечно го видовме назад на терен во неделата против Џенова. И него исто така му се потребни време и простор. Чалханоглу, исклучително талентиран и играч кој може да не подигне за едно ниво погоре. Тој има сензитивен карактер и навистина му е потребна комплетна поддршка.

ЗА КАПИТЕНОТ

Читам секакви вести периодов, но можам да ве уверам дека Бонучи никогаш не посакал да се откаже и да ја препушти капитенската лента. Ваквите приказни се измислени со намера, а тоа е да внесат немир во тимот.

You may also like

Leave a Comment