Гатузо: Ни треба желба и цврстина, не сакам да видам страв!

by admin

Денес во Џеда, Саудиска Арабија, во Суперкупот на Италија, Милан ќе се сретне со Јувентус. Последниот Суперкуп кој го играше Милан, заврши со победа, но дури после изведувањето на пеналите, исто така против Јувентус. Момците се веќе неколку дена таму, спремни за нова победа и нов трофеј! Тренерот Гатузо зборуваше со новинарите на прес-конференцијата пред финалето.

Јас сум мирен. Играме против тим кој е успешен многу години наназад. Ваквите натпревари се добри за нас. Утре, сакам да видам еден тим кој ќе игра без страв, без да размислува за тоа со кого се соочува. Во фудбалот, најсилниот тим не секогаш победува. Ние ќе треба да играме најдобро што можеме за да победиме.

Стадионот е неверојатен и е изграден за само неколку месеци. Играв тука за Милан на отварањето. Градот многу се менува, сè на позитивен начин. Сакам да им се заблагодарам на сите за начинот на кој сме третирани – тие одлично не пречекаа.

Сакам да го видам истиот дух од минатогодишниот натпревар против Јувентус во Торино. Не сакам да гледам страв. Ќе ни треба желба, цврстина и ќе треба да играме отворен фудбал. Тимот не смее да се откаже, како што направивме против Олимпијакос. Многу се подобривме, не смееме да ја изгубиме нашата доверба и храброст.

Пакета е добро физички подготвен и е достапен како и секој друг. Тој, исто така, покажа некои интересни аспекти на неговата игра против Сампдорија, сепак, може уште многу да расте. Ќе почекаме и ќе видиме дали ќе биде стартер.

Го гледам Игуаин како тренира, како ги поминува деновите и како се однесува со соиграчите и вработените. Во моментов има многу шпекулации. Ќе видиме дали ќе игра или не. Потоа, ќе видиме што сака да прави, но во моментот тој е опуштен. Ми нема кажано дека сака да замине.

Задоволен сум од посветеноста на Кутроне во Купот на Италија. Тој е важен играч за нас и тој ја прави разликата кога ќе влезе во игра, сите го гледаме тоа. Треба да бидеме внимателни и да му овозможиме да расте и да се подобрува.

Заедно со Тренерот Гатузо, на прес-конференцијата беше и Капитенот Ромањоли:

Имам добро чувство. Убаво е да се играме овде во важно натпреварување како ова. Подготви сме добро и ќе сториме сé за да победиме. Тоа би можело да биде пресвртна точка за нашата сезона. Знаеме дека се соочуваме со еден од најсилните тимови во Европа. Ние имаме почит кон нив, но исто така сме свесни за нашите квалитети. Затоа, ние мора да се погрижиме дека ќе играме најдобро што можеме. Тоа е еден натпревар и се може да се случи. Во споредба со Доха? Ние сме посилни, сепак, нашата желба и глад мора да останат. Мора да им дадеме се за да го освоиме овој трофеј, без да остававиме ништо на случајноста. Игуаин? Ние сме само фокусирани на она што се случува на теренот. Тој докажува дека е професионалец.

You may also like

Leave a Comment