По пресвртот и победата над Олимпијакос во рамките на Лига Европа, момците на Рино Гатузо забележаа уште една победа, овој пат во италијанското првенство против екипата на Киево, победувјаќи со резултат 3-1, благодарение на двата гола на Гонзало Игуаин и одличниот гол на Џек Бонавентура. По натпреварот, Рино Гатузо говореше за победата, тимската игра, како и за индивидуалните перформанси на играчите.
Игравме добро дури и при почетниот резултат. Кога победуваш, се е како што треба да биде. Покрај натпреварот со Олимпијакос, ние секогаш играме добри натпревари. Треба да се подобриме во одбраната, но ако креираме многу шанси за гол, нормално е да имаме одредени слабости во одбраната. Се уште има простор за напредок и ни претстои напорна работа. Ќе бидам презадоволен со победа без примен гол во Дербито, но сега ќе уживам во интернационалната пауза.

Гонзало Игуаин, Матео Мусакио, Кристијан Запата и Диего Лаксалт по завршување на натпреварот Милан-Киево, 7 октомври 2018
Ова е начинот на кој се подготвуваме за натпреварот. Секогаш наоѓавме трет слободен играч за да ја прими топката, игравме добро по вертикала и брзо ја движевме топката: ова беше нашата ‘тајна’ денес, ние го контролиравме натпреварот на секој дел од теренот и креиравме многу шанси за гол. Сорентино беше одличен и успеа да извлече неколку фантастични одбрани. Сакам да им честитам на момците. Ние сме силен тим но се уште ни треба време да го сфатиме тоа.

Сусо и Гонзало Игуаин во прегратка по вториот гол на Игуаин на натпреварот Милан-Киево, 7 октомври 2018
Запата не беше сјајен денес, тој го одигра својот втор натпревар во овие три дена после повреда која го мачеше неколку месеци. Поради тоа, побарав од Биглиа да игра малку подлабоко за да може да му помага на Кристијан. Среќен сум со изданието на Лукас, среќен сум за него како играч и како човек. Тој го дава својот максимум за Милан.

Џек Бонавентура го прославува својот гол на натпреварот Милан-Киево, 7 октомври 2018