Со оглед на промената на сопственоста на Милан која се случи минатата недела, со преземањето на управувањето од страна на Елиот фондот, денес на состанокот на Бордот на директори на клубот, беше изгласан новиот состав на директори. Ова претставува нов почеток за Милан по само 15 месеци од претходната смена и доаѓањето на Јонгхонг Ли на чело на клубот. Новиот состав на бордот се состои од: Паоло Скарони, Марко Патуано, Франк Туил, Џорџо Фурлани, Стефано Кочиро, Салваторе Черкионе, Афредо Крака и Џанлука Даванцо.
Со одлука на бордот, Марко Фасоне е разрешен од функција извршен директор и го напушта Милан. На негово место доаѓа Паоло Скарони, кој и претходно беше во бордот на директори на клубот. Скарони ќе биде привремен извршен директор, се до изборот на нов. Скарони, секако, може да биде назначен и за редовен извршен директор на гласањето наскоро.
Се очекува бордот на директори за се состане во следните 1-2 недели и да го разгледа новиот бизнис план за клубот, кој би требало до води до враќање на Милан во Лигата на Шампионите. На истиот состанок ќе се разгледа и новиот предлог буџет на клубот. Целта на планот е да се зацврсти конкурентноста на тимот, во согласност со ФФП регулативите на УЕФА. Како што беше укажано во вчерашната одлука на Судот за спортска арбитража, Милан има подобрена финансиска состојба со доаѓањето на новиот сопственик во клубот.
Елиот Фонд веќе јасно ја сигнализираше својата поддршка за Милан, со плановите за вбризга дополнителни 50 милиони евра во клубот, а тоа пропратено со менаџерските промени од денес, би требало да донесе промена во основите за постигнување долгорочни успеси.

Новиот извршен директор, Паоло Скарони, изјави:
“Горд сум на можност да го водам Бордот на директори на Милан и благодарен сум за довербата и поддршката на моите колеги од бордот. Ова е критичен момент во богатата историја на клубот и ние сите сме благодарни на новиот сопственик кој се обврза да го врати Милан на славните патеки. Што се однесува до бордот, ќе направиме што е можно да створиме услови за успеси на тренерот и играчите. Не очекува крупна и макотрпна работа, но ние сме желни да го продолжиме овој позитивен моментум.”

Новиот сопственик на Милан, основачот и ко-извршен директор на Елиот Менаџмент Корпорејшн, Пол Сингер, изјави:
“Изборот на новиот Борд на директори претставува уште еден чекор напред во враќањето на Милан на успешен колосек. Елиот е добро позициониран за да испорача финансиска стабилност и соодветен менаџмент, а тоа треба да води кон градење на успесите онаму каде што е најважно – на теренот. Ние сме свесни за позицијата на Милан во европскиот и светскиот фудбал, а со тоа и за одговорноста која доаѓа со имањето на сопственост врз таква историска фудбалска икона како Милан.”