Паоло Малдини, легендата на Милан, по неговото пензионирање, веќе подолго време е надвор од активното учество во светот на фудбалот. Тој во интервјуата за Скај Спорт Италија и Тутоспорт проговори на многу теми, меѓу кои неговиот Милан, состојбата со италијанскиот фудбал, неговите фудбалски пријатели и целата ситуација околу Џанлуиџи Донарума. Во продолжение ќе ви пренесеме една комбинирана верзија на двете интервјуа.
На крајот на денот, не одбив толку многу, туку само сум повеќе селективен и преговорите не отидоа до крајот. Мојата приказна налага да бидам селективен, како што мојот татко беше во Милан, така и моите деца кои се сега во Милан. Јас сум лимитиран во изборот, или Милан или Италија. Од секогаш сум велел, не мора да значи дека морам да работам за една од овие две опции, бидејќи мојата приказна е веќе како една магична приказна. За да можам да се вклучам во работата, потребно е да се случат одредени работи кои до сега, не се случија.
Јас не сум оној кој треба да бира. Во моментов, Костакурта е ко-комисионер во Италијанската Федерација, но јас не знам колку долго тој и моменталните лидери ќе бидат на таа позиција и за мене, тоа е проблем. Секогаш сум спремен да ги разгледам сите предлози што доаѓаат од Милан или од Италијанската федерација. Според мене, Манчини е вистинскиот избор за селектор на Италија, но се уште не можеме да кажеме како ќе изгледа Федерацијата во наредните неколку години и нивниот проект се уште не е доволно јасен.

Ил Капитано даде и свое мислење за Џанлуиџи Буфон, кој неодамна објави дека става крај на својата кариера во Јувентус, како и крај на кариерата во репрезентацијата, но не негираше дека постои можност да заигра за друг клуб во странство.
Навистина е тешко да се советува Буфон во оваа ситуација, бидејќи не постојат идентични приказни. Само тој знае како точно се чувствува. Ние дефинитивно сме поврзани во една работа, а тоа е љубовта кон овој спрот и баш тоа е една од причините што е така тешко да се рече ‘стоп’. За мене, тоа не беше воопшто трауматично, бидејќи секој Мај, јас одлучував дали ќе продолжам да играм или не, во согласност со клубот, тренерот, соиграчите, базирано на мојата физичка подготвеност.

Неминовна беше темата наречена Џенаро Гатузо. Питбулот од Милано, кој моментално е тренер на Милан. е еден од блиските пријатели на Паоло Малдини, со кои поминаа многу години заедно во црвено-црниот дрес.
Јас мислам дека Рино одработи навистина добро до сега. Сите ние ја очекувавме неговата енергија, одлучност и глад за победа, но тој исто така не изненади со неговите комуникациски вештини и тактичката подготвеност. Искуството кое го имаше во Сериа Б и во странство, како и учењето од големи тренери во неговата кариера, навистина му помогна во неговата авантура во Милан. Јас зборев со Рино кога го превзема Примавера тимот и тој ме праша за мојот син. Му реков да не го повика во тимот, бидејќи не е доволно спремен… но Рино ме игнорираше!

Уште еден пријател на Паоло од времето во Милан и репрезентацијата на Италија, Алесандро Неста, ја започна својата тренерска авантура во Италија, потпишувајќи да биде тренер на Перуџа во Сериа Б.
Навистина бев изненаден од неговиот избор, иако знаев дека на полусезона он веќе имаше контакти со неколку клубови од Сериа А. Тој стекна искуство во Мајами и сега е време да се впушти во малце попрофесионална лига, па Сериа Б е вистинската средина за тоа. Мислам дека е ова со Перуџа е еден проект на долг рок и му посакувам се најдобро!

Клубската легенда на Милан, проговори и за Џанлуиџи Донарума, како и за проблемите што ги има Милан со целата негова ситуација со фановите на Милан.
Ова беше навистина комплицирана сезона, дел поради промената на сопственоста на клубот по толку години, дел поради многуте нови играчи донесени ова лето, па поради тоа беше навистина тешко да се оформи тимот. Резултатите секако не беа онакви какви што се очекуваа на почетокот од сезоната.
Во животот научив дека ако нема позитивна средина околу тебе, станува навистина тешко. Исто така, комуникацијата е навистина важен дел и тука беа направени грешки од страна на двете страни. Навистина не знам како ќе се заврши оваа ситуација. Она што е навистина тажно е фактот дека Донарума е навистина млад и талентиран играч, но за жал веќе ја наруши целата комуникација со дел од фановите. Тоа не е воопшто добро за него, за клубот и за фановите.

Лично сметам дека тој издржа навистина долго под овој притисок. Неговата смиреност при многуте протести од публиката делуваше навистина чудно, бидејќи сум го искусил тој притисок на Сан Сиро. Мислам дека Донарума сега ја плаќа цената за една година исполнета со многу контраверзи, како на пример кога поранешниот премиер изјави – без да ја знае целата ситуација – дека Донарума треба да биде фокусиран на училиштето и положувањето на испитите.
Малдини на своја кожа го има почувствувано притисокот од фановите на Сан Сиро, кога на неговиот последен натпревар во дресот на Милан, се случија протести од дел од ултрас фановите на Милан.
Во тој момент, бев разочаран, но потоа со чиста глава, всушност бев среќен бидејќи никогаш не сум се идентификувал себеси како ултрас. На Милан му е потребно време за да го направи тој последен чекор, што го трансформира тимот од нормален во победнички. Милан од секогаш имал победнички менталитет, кој сега е изгубен, додека пак Јувентус го задржа својот квалитет и менталитет низ годините, бидејќи сопствениците на клубот се се уште исти.