Sampdoria-Milan Preview: Внимателно!

by Daniel

[et_pb_section bb_built=”1″ admin_label=”section”][et_pb_row admin_label=”row”][et_pb_column type=”4_4″][et_pb_post_title admin_label=”Post Title” title=”off” categories=”off” comments=”off” featured_image=”off” custom_margin=”-85px||-5px|” custom_padding=”|||” /][et_pb_text admin_label=”Text”]

Турбулентен период за овој нов тим на Милан. Згуснатиот распоред со мечеви среда-недела-среда создава дополнителен притисок на веќе постоечкиот притисок врз играчите, а тоа е брзо враќање на врвот. Изминатите мечеви беа против релативно послаби противници, па вистинските тестови допрва ќе следат.

На ред е мала анализа на изминатиот меч против СПАЛ. Верувале или не, половина час размислувам што да напишам. Можеби со оваа реченица може соодветно да се опише изданието на Милан против новајлијата. Бледо, многу бледо и слабо издание на избраниците на Монтела, во меч во кој скоро 50 илјадната публика на Сан Сиро (импресивна бројка со оглед на фактот кој беше противникот) очекуваше голеада. Двата гола за победа дојдоа од пенали. Дали беа пенали или не, не би коментирал. Родригез и Кеси беа сигурни од белата точка и не дозволија изненадување. Можеби, единствено нешто што радува е фактот што во вакви мечеви со вакво очајно издание, Милан сепак успева да победи. Факт е дека во изминатите сезони, вакви мечеви скоро секогаш ги губевме (или едвај освојувавме бод). Некои милуваат да кажат ‘тоа е одлика на голем клуб’ и до некаде се во право.

‘Војникот’ Кеси го отпоздравува својот генерал!

А сега збор-два и за утрешниот натпревар против Сампдорија. Сампдорија е традиционално тежок противник за Милан, особено на мечевите во Џенова. Во новава сезона, Сампдорија не играат така лошо. Статистиката од две победи, две нерешени и без ниту еден пораз до сега, говори дека Монтела ќе има тешка задача во Џенова. Најголемата закана доаѓа од искусниот бивши играч на Јувентус и моментално капитен на Сампдорија, Фабио Кваљарела. Ќе биде интересен дуелот со Бонучи, кој му беше клубски другар од времето во Јувентус.

Милан, од друга страна, споро но сигурно почнува да влегува во ритам. Новата формација со 3 играчи во одбраната пополека почнува да функционира. Но сепак, треба да се има в предвид фактот дека освен Лацио, Милан досега немаше сериозен и силен противник. Утрешниот меч е баш тоа – меч против сериозен, силен и традиционално незгоден противник, противник кој влегува како непоразен оваа сезона. Главната битка очекувам да се води во средниот ред, помеѓу ‘тенкот’ Кеси и незгодниот Денис Прает, кој е во завидна форма.

Можните стартни состави според Газета дело Спорт

Монтела ќе биде без услугите на Конти, Антонели и Монтоливо. Исто така, имајќи го на ум мечот во четврток, за очекување е Монтела повторно да ротира и да комбинира со составот. Мечот скоро сигурно ќе го започнеме со 3ца одбранбени играчи, каде се очекуваат Ромањоли и Бонучи, како стандардни првотимци. За третиот партнер во одбраната, копјата ќе се кршат помеѓу Мусакио и Запата. Во средниот ред, Биглиа, Кеси и Родригез се сигурни. Дилемата кај Монтела повторно е помеѓу Бонавентура и Чалханоглу, со тоа што ќе треба да видиме кој од нив двајца е планиран за мечот од италијанската лига, а кој за Лига Европа. Интересно е да се споменат мноштвото шпекулации до страна на италијанските медиуми, кои тврдат дека токму Борини ќе биде изборот на Монтела за позицијата на крилен бек, позиција кога стана критична по повредата на Конти. Дали Монтела ќе направи сличен потег како неговиот колега Конте (знаете, Конте во Челзи многу често го играше крилниот напаѓач Мозес како крилен бек) или сепак изборот ќе биде Абате, останува да видиме. Во нападот, за очекување е Монтела да избере, на хартија, позатворена варијанта со еден класичен напаѓач и еден поповлечен напаѓач. Најверојатно тоа ќе биде Сусо и Калиниќ, со што ќе се потврди индиректно дека во мечот од рамките на Лига Европа, Андре Силва ќе биде стартер.

Да резимираме. Нема лесни мечеви. Сампдорија е далеку од лесен противник. Раниот неделен термин не секогаш ни носел среќа. Но, мечот во Џенова ќе биде вистинскиот тест за Милан, тест во кој тимот на Монтела треба да докаже дека ја научиле лекцијата од Рим (мечот против Лацио) и дека се спремни да одат едно скалило погоре. Среќно момци и внимателно!

[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]

You may also like

Leave a Comment