Гатузо: Против Сампдорија без грешкa!

by Andrej

Следна пречка на Милан кон посакуваното 4-то место на табелата во Серија А ќе биде незгодната Сампдорија. Милан се надева на продолжување на серијата без пораз оваа 2018 година, но не само тоа, овојпат е потребна победа за сериозно доближување до посакуваната зона која води во Лигата на Шампионите. После поразот на Интер од Џенова, Милан со победа ќе се доближи на само 7 бода од градскиот ривал, кој во моментов се наоѓа на 4-тото место. Во пресрет на натпреварот, на прес-конференција тренерот Гатузо зборуваше пред новинарите.

Тој зборуваше за противникот, за тоа што може да очекуваме од натпреварот, за одбраната на Милан, за феноменот Кутроне и се друго актуелно поврзано со Милан во овој период:

Она што најмногу ни треба на натпреварот се нашите фанови. Потоа секако ние треба да ги придобиеме нив прикажувајќи желба за победа, мотивираност, перформанс на теренот и чувство на припадност кон Милан. Никогаш не е лесно за противниците да играат на Сан Сиро, 50,000 фанови во еден глас, како што беше случај и против Лацио. Тоа беше како во старите добри денови, а на Милан токму тоа му е потребно сега. Се надевам дека навивачите ќе бидат гласни и страсни. Мораме да одиграме добар натпревар и затоа ќе започам со најсилниот состав кој го имам на располагање, да дадам ентузијазам на Курва Суд, на луѓето кои го полнат овој стадион.

Сите знаеме колку е млад Џиџо Донарума и како му беше овој период. Тој го сака овој клуб и потребна му е наклонетоста на навивачите. Многу сум среќен поради помирувањето со навивачите, го чекав овој момент веќе подолго време!

Не смееме да направиме никаква грешка, Сампдорија се три бода пред нас и мораме добро да се подготвиме за овој натпревар. Тие се добро екипирани, имаат одличен тренерски тим и ни е потреба одлична игра. Не сакам да слушнам дека некој бил уморен, бидејќи влогот е голем. Ако играме премногу пасивно првите 20 минути како против Лудогорец, ќе ризикуваме премногу.

Сампдорија прима многу голови во последните 15 минути. Кога ми ја дадоа статистиката за нив, се преправав дека ја гледам. Сепак сум многу суеверен. За жал, немавме многу време да се подготвиме за овој меч и загрижен сум затоа што знам колку добро игра Самдорија. Треба да бидеме навистина претпазливи, тактички добро да одиграме, да не направиме грешки, инаку ќе имаме многу проблеми.

Одбраната не е само Бонучи и Ромањоли. Сакам малку да позборуваме за нашата одбрана со 4-ца дефанзивци. Абате, Калабриа, Борини исто така кога играше лев бек, Антонели. Сите тие завршија одлична работа. Лео мора да даде пример на овој тим. Шампион не е оној кој е само добар во играњето фудбал, туку тој кој напорно тренира, разговара и го мотивира целиот тим. Овој тим секогаш имал големи шампиони и професионалци, горд сум што го тренирам Бонучи. Сепак, мораме да останеме фокусирани, бидејќи ништо не треба да оставите на среќата кога играте фудбал.

Во моментов само престојниот меч ми е на ум. Се надевам дека ќе останам долго тука, тоа е мој приоритет. Горд сум што сум овде и морам да им се заблагодарам на Фасоне и Мирабели што веруваа во мене. Наш следен чекор треба да биде континуитет во резултатите и во играта. Кога ги правиме вистинските потези и пронаоѓаме празен простор, им создаваме многу проблеми на нашите противници. НЕ ми се допаѓа кога ја губиме топката и мораме да се подобриме во тој дел. Мораме да одиграме едноставно, бидејќи ако комплицираме пак, ќе оставиме простор на нашите противници.

Играчите од средниот ред, и не само тие, сите мораат да дадат повеќе од себе овој меч. Ние немаме други играчи со квалитетите на Френк Кеси. Но, веруваме во секој еден од нив. На негово место Монто ни дава искуство, Лока е посвеж, пронаоѓа повеќе простор и секако е помлад од него.

Мислам дека Кутроне треба да расте и да се подобрува. Тој има само 20 години, мора напорно да работи, а потоа да одмара. Не смееме да го оптовариме со преголеми очекувања и да го споредуваме со најдобрите играчи на Милан од минатото, бар засега.

Не е дека не верувам во момците кои не играат, туку оние кои играат не покажуваат знаци на замор и затоа не правам промени. Веднаш кога ќе видам дека некој е уморен или се бори да закрепне, ќе ги направам тие промени.

Никој не смее да се предаде и сите треба да покажат желба. Погледнете го Борини, влезе во последните 15 минути и постигна погодок, или Родригез, веднаш штом влезе даде гол од белата точка. Некој, се разбира дека не е целосно задоволен, но мора да разбереме дека сме тим од 25 играчи и затоа кога ќе ја добиете шансата, морате да бидете 100% поготвени. Ние сме научени да играме многу и не смее ништо да не плаши, излегуваме на теренот знајќи дека сме многу силни!

 FORZA MILAN!

 

You may also like

Leave a Comment