Дејвид Бекам: Ја живеев приказната на овој голем клуб!

by admin

Дејвид Бекам е сигурно еден од најдобрите англиски фудбалери во поновата историја. Момчето од Лондон имаше импресивна кариера, играјќи за гигантите како Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид, Парис Сен Жермен, Милан и секако за националниот тим на Англија. Играше во средниот ред на позицијата десно крило, а го красеа дисциплината, физичката подготвеност, способноста да ги пронајде и асистира на сопствените соиграчи од голема далечина и секако беше прв избор кога стануваше збор за слободните удари.

Бекам во кратко интервју за Corriere dello Sport зборуваше за неговите денови поминати во Милан, и како и што зборувале многу други легенди кои го носеле црвено црниот дрес, така и тој се присеќа на оној посебен шарм што го негуваат Росонерите.

Во Милан уште од првиот ден сфатив дека ја живеев приказната на овој голем клуб. Историјата е вредност, не секогаш ја гледате, но ја чувствувате. Создадов посебна атмосфера во клубот.

Знаете што друго научив во Милан? Важноста на историја, таа оди многу подалеку од одредени работи кои не можете да ги видите. Миланело не беше најнапредниот тренинг центар во светот во поглед на структирата, но беше добар да тренирате во него.

Во Миланело го поминував целиот ден, од утро до вечер. Зошто? Тоа беше посебно место. Особено луѓето кои работеа таму. Во Милан, искуството што го имав стекнато како фудбалер ми помогна да научам повеќе.  

You may also like

Leave a Comment