Македонските Росонери и оваа 2020-21 сезона имаат можност да членуваат во локален фан клуб признаен од Милан и дел од мрежата на фан клубови на Associazione Italiana Milan Clubs! Членовите на Милан Фанс Македонија ќе имаат ексклузивна можност за купување билети и организирано присуство на натпреварите на Милан!
Придружете се на црвено-црното семејство! Стани член на првиот официјален фан клуб на AC Milan во Македонија!
- Пакет за членство – сезона 2020/21 – 800 денари:
– Персонализирана членска картичка*
– Маичка Милан Фанс Македонија
– Заштитна маска Милан
Уплатата на износот за одбраниот пакет се врши исклучиво на сметката на Милан Фанс Македонија: 210-0723208001-97 (НЛБ Банка)
*Членските картички важат за сезона 2020/21. По истекот на важноста, картичките може да се обноват.